Lina Altawell
30 Март 2026•Ажурирај: 31 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 232 лица се повредени во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на жртви од почетокот на војната со Иран достигна 6.008, објави израелското Министерство за здравство на американската компанија за социјални медиуми X, пренесува Анадолу.
Од Министерството се додава дека две лица се во тешка состојба, осуммина се со средно тешки повреди, 215 имаат полесни повреди и седуммина се лекуваат од анксиозност.
Ескалацијата во регионот се зголеми откако Израел и САД започнаа офанзива врз Иран на 28 февруари, во која досега загинаа повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, а наедно и нарушување на глобалните пазари и авиосообраќајот.