свет

„Изборното ветување на Нетанјаху претставува расистичка апартхејд држава"

Нетанјаху вети дека ќе анектира дел од окупираниот Западен брег на границата со Јордан ако повторно биде избран

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 10.09.2019 - Обновена : 11.09.2019
„Изборното ветување на Нетанјаху претставува расистичка апартхејд држава"

АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека изборното ветување на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за анексија на делот на окупираниот Западен брег на границата со Јордан претставува расистичка апартхејд држава, јавува Anadolu Agency (AA).

„Изборното ветување на Нетанјаху, кој и понатаму испраќа илегални, незаконски и навредливи пораки, претставува расистичка апартхејд држава. До крајот ќе ги браниме правата и законот на нашите палестински браќа и сестри", порача Чавушоглу преку Твитер.

Потсетуваме, Нетанјаху вети дека ќе анектира дел од окупираниот Западен брег на границата со Јордан ако повторно биде избран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.