Ahmet Furkan Mercan
27 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ТОКИО
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди јапонската северна префектура Хокаидо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Агенцијата за метеорологија на Јапонија, епицентарот на земјотресот бил во местото Хидака кое се наоѓа во Хокаидо, а се случил во 14:07 часот по локално време.
Во соопштението се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,4 степени се случил на длабочина од 130 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Сорачи, Ибури, Токачи, Куширо и Аомори.
По земјотресот, не е даден аларм за цунами.