Murat Temizer
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Гаспром“ започна со испорака на природен гас во пет подземни складишта во Европа за ноември, потврди компанијата денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Гаспром го одобри планот за испорака на гас во пет подземни складишта во Европа за ноември и започна со негова реализација“, се наведува во соопштението на компанијата.
Рускиот претседател Владимир Путин на 27 октомври му наложи на „Гаспром“ да ги зголеми своите испораки на природен плин во складиштата во Европа, откако ќе ги наполни руските складишта.
Ова треба да понуди растоварување на европскиот пазар на гас, кој доживеа скокови на цените и недостиг во снабдувањето.