Erbil Başay
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, ја повика Европската комисија да ѝ помогне на Полска во мигрантската криза на границата со Белорусија за да бидат заштитени надворешните граници на Унијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за весникот „Билд“, Зихофер истакна дека белорускиот претседател Алексансер Лукашенко, со поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, користејќи ги луѓето сака да го дестабилизира Западот.
Наведувајќи дека сите земји од ЕУ треба да бидат обединети поради оваа причина, Зихофер нагласи: „Треба да ѝ помогнеме на Владата на Полска да ги заштити надворешните граници. Всушност ова е задача на Европската комисија. Сега ја повикувам Комисијата да преземе акција.“
Зихофер, исто така, додаде дека Германија или Полска не можат сами да ја надминат оваа ситуација.
Истакнувајќи дека Полска нема да биде критикувана затоа што надворешните граници на ЕУ ги заштитува со соодветни средства, германскиот министер рече дека Полска досега постапила правилно.