Elena Teslova
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Бројот на активни случаи на коронавирусот во Русија денес ја надмина цифрата од милион, откако во текот на изминатиот ден во земјата беа регистрирани 39.160 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на активни случаи моментално изнесува 1.004.844, додека вкупниот број на заболени од коронавирусот е зголемен на 8,87 милиони“, соопшти Националната работна група за коронавирусот.
Освен тоа, во земјата е забележан нов рекорден број смртни случаи од Ковид-19, со оглед на тоа дека во последните 42 часа починати се 1.211 лица како последица на вирусот, додека вкупниот број смртни случаи е зголемен на 249.215.
Од декември 2019, пандемијата на коронавирусот предизвика смрт на 5,05 милиони лица во 192 земји и региони во светот, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.