Ata Ufuk Şeker
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ги отстрани Украина и Сингапур од листата на земји за кои има ограничувања за патувања поради епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европскиот совет, ажурирана е листата на земји за кои има ограничувања за патувања.
Со најновото ажурирање, земјите од ЕУ ќе можат да ги укинат ограничувањата за патување во Аргентина, Австралија, Бахреин, Канада, Чиле, Колумбија, Јордан, Кувајт, Намибија, Нов Зеланд, Перу, Катар, Руанда, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати и Уругвај.
Ако земјите од ЕУ им дозволат на своите граѓани да патуваат, границите кон Кина исто така може да бидат отворени.
Во ажурираната листа не се додадени нови земји, а Украина и Сингапур се отстранети од списокот.
Листата на ЕУ е советодавна за земјите членки и не е обврзувачка, таа се ажурира на секои две недели.
Од земјите на списокот може да бидат дозволени туристичките патувања во ЕУ, но притоа ќе се применуваат некои дополнителни мерки како што се тестирање и карантин.
Во март 2020 година, ЕУ одлучи да воведе ограничувања за незадолжителните патувања за да се спречи ширењето на епидемијата.