Tuba Onğun
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
АНКАРА (АА) - Германскиот производител на автомобили „„Волксваген“ денес соопшти дека го запрел производството на своите погони во Кина поради карантинот во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поради случаите со Ковид-19 во Чангчун ние во моментот го стопиравме производството во нашите фабрики од денес, понеделник, до среда, засега“, изјави портпаролот на компанијата во Пекинг за АА.
Бидејќи дневните бројки на случаи од Ковид-19 се искачија на највисоко ниво во последните две години, земјата воведе карантин од вчера според нејзината политика на „нула-Ковид“.
Континентална Кина пријави 1.437 новозаразени, од кои 906 асимптоматски случаи во текот на изминатиот ден, според последните податоци објавени денес.
Во меѓувреме, кинескиот државен производител на автомобили „ФАВ Груп“ исто така го прекина производството на своите пет главни погони за возила до 16 март во североисточната провинција Џилин, поради раст на случаите на вирусот.