Ayhan Şimşek
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
БЕРЛИН (АА) - Стотици летови беа откажани денес на шест германски аеродроми поради штрајк на безбедносните службеници во тековниот спор околу платите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според аеродромските оператори, најголемите аеродроми, вклучувајќи ги Берлин-Бранденбург, Келн-Бон и Дизелдорф, се најтешко погодени од штрајкот.
Откажани се околу две третини од сите летови од главниот град на Германија, а откажани се и речиси 160 летови од Дизелдорф и 82 лета од Келн-Бон.
Еднодневниот штрајк што го свика синдикатот „Вер.ди“ предизвика и откажувања и одложувања на аеродромите во Бремен, Хановер и Лајпциг.
Синдикатот претставува околу 25.000 вработени во обезбедувањето, а неговите барања вклучуваат зголемување на платите за час и други подобрувања на работните услови.