Aida Cako
07 Јули 2025•Ажурирај: 09 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Во градот Памплона, на северниот дел на Шпанија, официјално започна фестивалот Сан Фермин, еден од најпознатите културни настани во земјата со меѓународна слава, познат по адреналинското трчање пред бикови низ тесните градски улици, јавува Анадолу.
Фестивалот започна на 6 јули со традиционалното пуштање на огнометот „Чупинасо“ од балконот на градската општина, со што симболично се означи почетокот на свеченостите.
На 7 јули се одржа првото трчање пред биковите, познато како „Енсиеро“, каде што стотици учесници облечени во традиционална бела облека со црвени марами трчаа низ историскиот центар на Памплона.
Патеката, долга 875 метри, поминува низ историскиот дел на градот, а учесниците ја трчаат заедно со биковите во една од највозбудливите и најопасните активности на фестивалот.
Фестивалот Сан Фермин се одржува секоја година од 6 до 14 јули и привлекува илјадници посетители од целиот свет.