Sinan Doğan
13 Јуни 2024•Ажурирај: 14 Јуни 2024
БОГОТА (АА) - Претседателот на Куба, Мигел Дијаз Канел, предупреди дека Палестина сѐ повеќе страда поради израелските напади, известува Анадолу.
„Но и ние патиме секој ден, бидејќи не можеме да сториме ништо“, рече Канел.
Претседателот Канел во кубанската престолнина Хавана се сретна со младите луѓе кои носеле палестински знамиња, при што и самиот носел кефија, црно-бела палестинска марама.
Тој истакна дека во Палестина на испит паднале честа и достоинството на целиот свет.
„Тежината на овој историски момент ќе се урне врз сите оние кои се рамнодушни на она што се случува таму“, рече кубанскиот претседател.
Канел по средбата се фотографираше со младите луѓе кои носеле палестински занмиња.
Во Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега Израел спроведува брутална воена офанзива со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници, убивајќи 37.202 Палестинци, соопшти Министерството за здравство на опколената енклава.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.