Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа 16 Палестинци
- Според палестинската официјална новинска агенција Вафа, израелската армија нападнала домови и шатори во кои се сместени раселените Палестинци во различни делови од градот Газа.

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 16 Палестинци се убиени во нападите на израелската армија од утринските часови врз различни делови на градот Газа, во Северна Газа, известува Анадолу.
Според палестинската официјална новинска агенција Вафа, израелската армија нападнала домови и шатори во кои се сместени раселените Палестинци во различни делови од градот Газа.
Три лица се убиени, а седум се повредени кога израелските воени авиони гранатирале куќа во центарот на градот Газа.
Цел на напад на израелската армија бил и шатор во кој биле сместени раселени Палестинци во југозападниот дел на градот Газа. Во нападот се убиени три лица.
Уште три лица биле убиени во израелските напади со беспилотни летала врз шатори и куќи во населбата Римал.
Во гранатирање на стан во населбата Тел ал-Хава убиени се уште тројца Палестинци.
Израелски воени авиони бомбардирале дом на улицата Селасини. Во нападот се убиени двајца Палестинци.
Шатор во кој биле сместени раселените Палестинци во западниот дел на градот бил цел на израелската армија. Во нападот се убиени две лица, а голем број се повредени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.