Ahmed Asmar
16 Април 2024•Ажурирај: 17 Април 2024
АНКАРА (АА) – Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид вчера ги нарече премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата Влада егзистенцијална закана за Израел, јавува Анадолу.
„Ако не ја тргнеме оваа Влада, таа ќе ни донесе уништување“, рече Лапид на социјалната платформа Х.
Во изминатите денови се интензивираа нападите на илегалните еврејски доселеници врз палестинските населби во окупираниот Западен Брег.
Во тие напади загинаа најмалку двајца Палестинци, десетици беа повредени, а голем број палестински куќи и возила беа запалени.
„Под владеење на Нетанјаху еврејското терористичко насилство излезе од контрола“, рече Лапид, повторувајќи го својот повик за предвремени избори во Израел.