свет

„Вашингтон пост“: „Трамп ги брани лагите на Мухамед бин Селман“

Весникот „Вашингтон пост“ објави текст под наслов „Трамп ги брани лагите на Мухамед бин Селман. Конгресот треба да инсистира на вистините“, според кој Трамп наместо да го одбие прикривањето на случајот, го прифатил, иако претходно истакна...

Emel Öz Gözellik  | 18.11.2018 - Обновена : 19.11.2018
„Вашингтон пост“: „Трамп ги брани лагите на Мухамед бин Селман“

Ankara

АНКАРА (АА) - Американсиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post) напиша дека саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, лаже на лицемерен начин, со цел да се спаси од неопходното одговарање за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, и дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му помага нему, пренесува Anadolu Agency (AA).

Весникот „Вашингтон пост“ објави текст под наслов „Трамп ги брани лагите на Мухамед бин Селман. Конгресот треба да инсистира на вистините“.

Во текстот се наведува дека јавен обвинител во Ријад во четвртокот дал изјава контрадикторна со постоечките факти, која го ослободува принцот од сите обвиненија. Според овој текст, Трамп наместо да го одбие прикривањето на случајот, го прифатил тоа, иако претходно истакна дека ќе ја бара вистината до најситни детали.

„Американското Министерство за финансии спроведе санкции против 17 саудиски осомничени вмешани во убиството на Кашоги, но Мухамед бин Селман и високите разузнавачки службеници ги ослободи од тоа“, се вели во текстот во кој се наведува дека Трамп продолжува да го поддржува саудискиот лидер, и покрај тоа што американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) заклучи дека Бин Селман го наредил убиството на Кашоги.

Во текстот се истакнува дека разузнавачките службеници го информирале Трамп во врска со доказите за постигнатиот заклучок, меѓу кои се аудиоснимките, како и телефонскиот разговор меѓу водачот на тимот за убиство и саудискиот амбасадор во Вашингтон. Според текстот, Трамп не ја прифаќа одговорноста на Селман, бидејќи тоа ќе значи признавање на грешката на Белата куќа во избирањето на 33-годишниот саудиски принц како стратешки сојузник.

Исто така, во текстот се вели дека Конгресот треба да преземе мерки за формирање на американската државна политика врз основа на вистини, а не на лаги.

Според овој текст, тројца републикански и тројца демократски сенатори ќе поднесат предлог за администрацијата на САД во рок од 30 дена да спроведе санкции против лицата од саудиската администрација или од кралското семејство кои имаат поврзаност со убиството на Кашоги, а во предлогот ќе биде вклучено и тоа да се стави крај на продажбата на оружје од САД за Саудиска Арабија.

Се нагласува дека ако Белата куќа продолжи да помага на саудискиот принц за неговите лаги, Конгресот на решителен начин треба да преземе мерки.

Американскиот сенатор од Тенеси, Боб Коркер, на Твитер напиша дека сè укажува дека Мухамед бин Селман издал наредба за убиството на Кашоги, и дека администрацијата на Трамп треба да изврши кредибилно утврдување на одговорноста пред принцот Бин Селман да ги ликвидира лицата кои ја реализираа неговата наредба.

Независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, истакна дека американската администрација треба да ги преиспита односите со Саудиска Арабија.

„ЦИА потврди дека Селман издал наредба за убиството на Кашоги. Администрацијата на САД треба да ги преиспита односите со суровата саудиска диктатура и да стави крај на поддршката за војната во Јемен“, напиша Сандерс на Твитер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın