Metin Mutanoğlu
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост дека формирањето бесконфликтна зона во Сирија може да доведе до поделба на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин денес во Санкт Петербург се обрати пред претставниците на меѓународните новински агенции.
„Има многу прашања со кои ние се согласуваме со Турција, кога станува збор за Сирија. Доколку со Турција не се согласевме за клучните прашања, во Сирија не ќе беше возможно да се воспостави примирје, ниту договор за бесконфликтните зони“, рече Путин.
Кога станува збор за борбата против тероризмот, Путин рече дека Русија е свесна за загриженоста на Турција, кога станува збор за терористичката организација, и дека во оваа област се работи на конструктивен начин. Рускиот претседател изрази загриженост во врска со формирањето на бесконфликтните зони во Сирија, истакнувајќи дека тие не треба да доведат до поделба.
„Постои одредена загриженост за формирањето на неконфликтните зони во Сирија. Овие зони во иднина не треба да бидат модел за поделба на Сирија. Напротив, овие зони треба да претставуваат пример за заштита на територијалниот интегритет на земјата и за политичкиот дијалог“, рече рускиот претседател Владимир Путин.