Adam Abu Bashal
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Четириесет и четворица мигранти кои од Западна Африка сакале да пристигнат во Европа, починале од жед во пустината Сахара, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми во Нигер, од жед починале 44 лица меѓу кои и деца, откако камионот што ги транспортирал мигрантите се расипал во јужниот дел на Нигер.
Лавал Тахер, претставник од Црвениот крст во нигерскиот регион Билма, истакна дека само шест лица преживеале меѓу мигрантите кои од Западна Африка тргнале кон европските земји.
Тахер информираше дека преживеаните мигранти се пренесени на лекување во едно село во близина. Меѓу починатите има 3 бебиња и 3 деца.
Според она што е соопштено, починатите биле државјани на Гана и на Нигер.
За да одат во Европа, африканските мигранти се принудени да поминат преку сахарската пустина. Во алжирската сахарска пустина минатиот јуни беа пронајдени 34 тела, од кои 20 биле тела на деца.