Diyar Güldoğan
14 Ноември 2023•Ажурирај: 15 Ноември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Министрите за надворешни работи на Република Туркије, Хакан Фидан, и неговиот египетски колега, Самех Шукри, вчера разговараа за актуелната ситуација во Појасот Газа, кој е изложен на жестоки израелски напади, известува Анадолу.
Неименуван дипломатски извор соопшти дека Фидан и Шукри во телефонскиот разговор размениле мислења за испраќањето и испораката на хуманитарна помош во блокираниот Појас Газа.
Двајцата шефови на дипломатија разговараа и за потенцијалните чекори за спроведување на одлуките донесени на Самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Арапска лига, кој се одржа во саботата во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.