политика

Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка

Според писменото соопштение на Елисејската палата, Филип својата оставка и оставката на Владата ја поднесе до Макрон. Оставката е прифатена

Yusuf Özcan  | 03.07.2020 - Обновена : 04.07.2020
Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка

ПАРИЗ

Францускиот премиер Едуард Филип оставката на Владата ја поднесе до францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писменото соопштение на Елисејската палата, Филип својата оставка и оставката на Владата ја поднесе до Макрон. Оставката е прифатена.

Се очекува во наредните часови да се прогласи новиот премиер, додека во наредните денови да се соопшти и новиот кабинет.

Веќе неколку недели се очекуваше оставката на премиерот на Франција која се соочува со општествени и економски проблеми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın