политика

Формирано парламентарно тело за помирување и интеграција

„Донесена е одлука да се предводи од страна на две копретседавачки, Ременски и пратеничката која е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, Александрова, а бројот на пратениците на парламентарните групи останува да се определи на првиот состанок“, рече Џафери.

Bekim Laci  | 06.11.2018 - Обновена : 07.11.2018
Формирано парламентарно тело за помирување и интеграција (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - На барање на новата независна парламентарна група на пратениците кои беа исклучени од парламентарната група на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Собранието на Република Македонија денес беше формирано меѓупартиското парламентарно тело за помирување и интеграција, јавува Anadolu Agency (AA).

На формирањето на ова меѓупартиско парламентарно тело, му претходеше координација меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, со потпретседателите на Собранието, координаторите на парламентарните групи и претставниците на политичките партии кои не се организирани во пратенички групи. Тоа беше единствена точка на дневниот ред, што инаку е еден од условите на осумте пратеници на опозицијата, за да гласаат за процесот за отворање на Уставот.

Претседателот на Собранието, Џафери, во изјава за медиумите по средбата истакна дека ова тело ќе биде предводено од две копретседавачки.

„Донесена е одлука да се предводи од страна на две копретседавачки, Фросина Ременски и пратеничката која се исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, додека бројот на пратениците на парламентарните групи останува да се определи на првиот состанок на групата, на кој ќе се одреди колку дополнителни пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на парламентарните групи ќе бидат дел од групата“, рече Џафери.

Состанокот на почетокот го напушти пратеникот од Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, кој истакна дека со ова се промовира амнестија за настаните од 27 април во Собранието, но Џафери нагласи дека Рашиди го напуштил состанокот од самиот почеток, кога уште не се дебатирало за иницијативата и потребата за формирање на меѓупартиско тело.

„Не мислам дека ќе остане надвор од седницата бидејќи е предвиден во меѓупартиската група, и е добредојден ако одлучи да се врати, бидејќи немаше некоја определена тема како содржина на дебатата на Комисијата“, додаде Џафери.

Џафери се осврна и на темпото на дебатата за уставните промени кои во вторник ќе бидат точка на пленарната седница, истакнувајќи дека не очекува можна опструкција од страна на опозицијата, бидејќи, како што рече, секој од четирите предложени амандмани имаат временски рок од три дена, во чии рамки треба да заврши дебатата.

Потсетуваме, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по усвојувањето на предлогот за пристапување кон уставни измени кои се дел од Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција (Преспански договор), во врска со помирувањето на пратенициите за насилните настани од 27 април од минатата година, кога во Собранието на Република Македонија беа повредени пратеници и медумски работници, рече дека низ собраниски тела, треба да се формираат работни групи, кои ќе работат на изнаоѓање начин за сеопшто национално помирување и простување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.