Adel Ömeragiç
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Парламентарните избори во Црна Гора, четврти по ред од обновата на независноста, ќе бидат одржани утре. Право на глас на изборите имаат 528.817 граѓани на Црна Гора, кои ќе бираат меѓу 17 листи, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места, кои во Црна Гора изнесуваат 1.207, ќе бидат отворени утре во 07:00 часот а ќе бидат затворени во 20:00 часот. Изборите ќе бидат набљудувани од 1.400 набљудувачи од Центарот за мониторинг (ЦЕМИ), како и од набљудувачите на ОБСЕ.
Освен парламентарните утре ќе бидат одржани и локални избори во четири црногорски општини. Станува збор за Котор, Будва, Андријевица и Гусиње. За изборите во Котор се предадени 12 листи, а две листи помалку се предадени во Будва. Во Гусиње се предадени осум а во Андријевица седум. За влез во црногорскиот Парламент, кој брои 81 пратеничко место, пријавени се 1.129 кандидати.
Во однос на парламентарните избори 2012 година, кога беа пријавија 13 листи, во изборната трка за место во Парламентот на Црна Гора на овие избори пријавени се 288 кандидати повеќе.