Yusuf Hatip
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
БРИСЕЛ (AA) - Омер Челик, министерот за европски прашања и главен преговарач на Турција, се состана со високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика Федерика Могерини и со првиот заменик-претседател на Комисијата на ЕУ, Франс Тимерманс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на контактите во Брисел, за време на средбата на Челик со Тимерманс и Могерини се разговараше за последните случувања во односите меѓу Турција и ЕУ.
Министерот Челик ги информираше своите колеги за операцијата „Маслинова гранка“ што се спроведува во Африн, северозападна Сирија, со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје и неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ.