свет, политика

Процес на нормализација на односите меѓу Израел и ОАЕ

- 
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел соопштија дека билатералните односи кои долги години ги развиваат задкулисно, ќе ги нормализираат на официјален начин и ќе потпишат договори за соработка на повеќе полиња

İdiris Okuduci, Esat Fırat  | 14.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Процес на нормализација на односите меѓу Израел и ОАЕ BAE

ИСТАНБУЛ

- Идрис ОКУДУЏУ / Есат ФИРАТ



Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел соопштија дека билатералните односи кои долги години ги развиваат задкулисно, ќе ги нормализираат на официјален начин и ќе потпишат договори за соработка на повеќе полиња.

Во соопштението што американската страна го даде во име на Израел и ОАЕ, се вели дека американскиот претседател Доналд Трамп информирал дека е одржан телефонски разговор меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби, принцот шеик Мухамед бин Зајид ал Нахјан и дека притоа „е постигнат договор за целосна нормализација на односите меѓу Израел и ОАЕ“.

Последниве години можеше да се види дека земјите од Заливот се натпреваруваа меѓусебно, особено ОАЕ, по официјални патишта и јавно да ги нормализираат своите односи со Израел, каде што на власт е најдесничарската Влада во историјата на земјата.

Додека народот од регионот, Израел го гледа како „окупатор на Палестина и на други арапски земји“, вниманието го привлекува забрзаниот процес на нормализација на односите на арапските земји со Израел, особено во последните три години, преку покани, посети, состаноци, декларации и настани.

Новинарот на АА направи преглед на процесот на нормализација на односите меѓу Израел и ОАЕ.


2015

Во медиумите се појавија вести дека советникот за безбедност на министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајид ал Нахјан, Мохамед Дахлан, кој од палестинска страна беше обвинет дека му служи на Израел, во 2015 година во Париз се состанал со израелскиот десничарски министер за одбрана, Авигдор Либерман.



Септември 2016

Армијата на ОАЕ на 2 септември 2016 година во американската сојузна држава Невада учествуваше во воена вежба заедно со воздухопловните сили на Пакистан, Шпанија и Израел.


Март 2017

Војската на ОАЕ во март 2017 година учествуваше во заедничка воена вежба со воздухопловните сили на САД, Грција, Италија и Израел.


21 јули 2017

Израелскиот весник „Хаарец“ (Haaretz) објави дека израелскиот премиер Нетанјаху и министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајид ал Нахјан, се состанале во американската држава Њујорк во 2012 година.

Во извештајот се тврди дека двајцата пристигнале во подземен паркинг од хотел на големо меѓусебно растојание и со специјален лифт се качиле до простории во горниот дел од хотелот, каде што тајно се состанале.


Октомври 2018

Администрацијата на ОАЕ им дозволи на израелските спортисти да се натпреваруваат под сопствено знаме на Турнирот во џудо организиран во Абу Даби, главниот град на ОАЕ, во октомври 2018 година.

Израелскиот министер за култура и спорт, Мири Регев, кој пристигна во Абу Даби со репрезентацијата за да го следи Турнирот, доживеа емоционални моменти и пролеа солзи за време на интонирањето на националната химна на церемонијата на доделувањето медали.



30 октомври 2018

Поранешниот израелски министер за комуникации, Ејуб Кара, одржа говор на телекомуникациската конференција што се одржа во градот Дубаи на 30 октомври 2018 година.


Јули 2019

Поранешниот израелски министер за надворешни работи и разузнавање, Јизраел Кац, го посети Абу Даби во јули 2019 година за да присуствува на конференцијата за животна средина организирана од Обединетите нации.

Раководството на ОАЕ на ЕКСПО 2020 во Дубаи ги покани и израелските компании.


20 август 2019

Весникот „Хаарец“ на 20.8.2019 година објави вест во која тврди дека Израел и раководството од Абу Даби оствариле меѓусебна соработка во висина од 3 милијарди американски долари за опремување со современа разузнавачка опрема, вклучувајќи и шпионски авиони.


10 април 2020

Според веста што на 10 април ја објави весникот „Араб ел Џедид“ (Arab el-Cedid), со седиште во Лондон, ОАЕ во знак на поддршка, на Хафтар му испратиле софистицирани системи за воздушна одбрана набавени од Израел.


20 мај 2020

Авиокомпанијата „Етихад ервејс“ (Etihad Airways), сопственост на ОАЕ, го изведе првиот лет кон Израел со цел доставување медицински материјали испратени како поддршка за Палестина во борбата против Ковид-19.


6 јуни 2020

Како резултат на зближувањето меѓу ОАЕ и Израел во последните години, речиси 3.000 Евреи кои пристигнаа од различни земји, ја основаа Еврејската заедница во Обединетите Арапски Емирати и официјално отворија профил на Твитер.

Во мај беше отворен официјалниот профил на Твитер, наречен „Еврејската заедница во Обединетите Арапски Емирати“ (Jewish Community of the UAE).


10 јуни 2020

Наводно под изговор за испраќање помош во медицинска опрема за Палестина, „Етихад ервејс“ го спроведе и вториот директен лет за Израел.


16 јуни 2020


Енвер Гаргаш, државниот министер на ОАЕ одговорен за надворешните работи на земјата, во своето обраќање на онлајн конференцијата што ја организираше Американскиот еврејски комитет, рече: „ОАЕ сметаат дека одржувањето на отворени комуникациски канали со Израел, ќе донесе подобри резултати за двете држави.“


25 јуни 2020

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека во рамките на борбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19), неговата земја ќе соработува со ОАЕ со кои нема дипломатски односи.


26 јуни 2020

Обединетите Арапски Емирати на Израел му испратија 100.000 комплети за дијагнистицирање во рамките на соработката во борбата против Ковид-19.

Во веста што израелскиот весник „Једиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth) ја објави на 26 јуни, се вели дека авион на ОАЕ со 100.000 комплети за дијагностицирање на 26 март (јуни) слетал на аеродромот во Тел Авив.

Обединетите Арапски Емирати објавија дека со Израел ја започнале заедничката соработка во рамките на борбата против Ковид-19.


Во образложението што го даде официјалната новинска агенција на ОАЕ, ВАМ (WAM), се вели: „Две компании од приватниот сектор во ОАЕ со две израелски компании започнаа некои проекти на полето на медицината во рамките на борбата против Ковид-19.“


3 јули 2020 

Компанијата за вештачка интелигенција „Г42“ на ОАЕ потпиша договор со две израелски компании од одбранбената индустрија.

Двете израелски компании соопштија дека со компанијата „Г42“ од ОАЕ постигнале договор со цел работа на развој на технолошки решенија во борбата со Ковид-19.


10 август 2020

Едно еврејско семејство од Јемен, по 15 години се собра во ОАЕ, кои во меѓувреме развија добри односи со Израел. ОАЕ на членовите на семејството што пристигна од Јемен им даде државјанство.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın