Fatma Esma Arslan
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
БРАТИСЛАВА (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европа треба без САД да ја осигури сопствената безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред одржувањето на Самитот на ЕУ во словачката престолнина Братислава, францускиот претседател Оланд одговараше на прашања на новинарите.
„По Брегзит, пред Европа стои испит што таа треба да го положи. Треба да се изработи јасен план“, рече Оланд, и за да може повторно да се врати безбедноста во Европа, на Самитот ќе бидат разгледани темите за безбедност, подготвеност за иднината и давање можност на младите.
Оланд истакна дека важен момент е тоа што Европа има консензус за еден заеднички проект и доколку не се најде заеднички интерес, тогаш земјите нема да успеат.
Главна тема на Самитот ќе биде темата на безбедноста, истакна Оланд, и додаде дека заедно со Германија ќе го претстават заедничкиот проект Унија за одбрана.
Оланд изјави: „Европа има проблем на полето на одбраната. Доколку не ги заштитиме интересите и вредностите, тогаш нема да остане ниту единството, ниту континентот. Потребно е заедно со нашиот сојузник САД, во рамките на Атлантскиот договор да изработиме сопствената одбрана. Европа треба себеси да се заштитува и без САД“.
Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, вчера, пред Самитот во Братислава се сретнаа во Елисејската палата. Лидерите разговараа за планот за одбрана на ЕУ, кој на почетокот од неделата протече во медиумите, и го поделија мислењето дека тој е од суштинско значење за ЕУ.
Извештајот за планот што Франција и Германија заеднички го подготвија денеска на Самитот ќе го претстави Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Фредерика Могерини.
Во германските и од француските медиуми излезе вест во која се вели дека извештајот се состои од 6 страници, а со него се предлага формирање на координативен центар во рамките на ЕУ, кој ќе ја осигура безбедноста и одбраната на Унијата.