Ayhan Şimşek
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Повеќе од половината Европјани (54 отсто) сакаат Велика Британија да остане во Европската унија (ЕУ), додека 21 отсто го поддржуваат нејзиното излегување од ЕУ, се вели во германското истражување објавено денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најголемата германска непрофитна фондација "Bertelsmann Foundation" и технолошката компанија "Dalia Research" спроведоа анкета во месец април врз 10.992 испитаници.
Истражувањето покажува дека поддршката за останување на Велика Британија во Европската унија е особено силна во Шпанија (64 отсто) и Полска (61 отсто), додека Италија (55 отсто) и Германија (54 отсто) се противат на можноста за излегување на Велика Бритнија од ЕУ.
Франција е најмалку позитивна за останување на Велика Британија во ЕУ, каде 41 процент од испитаниците беа против излегувањето, додека 25 отсто од испитаниците го поддржаа.
Додека многу Европјани изразија загриженост за негативните последици за иднината на ЕУ од излегувањето на Велика Британија, тие не изразија голема загриженост за сопствените земји.
Како жители на земјите-членки на ЕУ, 45 отсто од испитаниците рекоа дека очекуваат позицијата на ЕУ и нејзината економска сила да ослаби во случај на излегување на Велика Британија од Унијата.
Испитаниците во Полска (51 отсто) и Германија (48 отсто) беа „најзагрижени” поради губењето на „силата” на ЕУ без Велика Британија како земја-членка.
На прашањето за евентуален негативен импакт од излегувањето врз нивните земји, 67 отсто од испитаниците рекоа дека не очекуваат дека тое ќе влијае врз нивните земји.
Земјите кои „не се загрижени” од влијанието на излегувањето на Велика Британија од ЕУ според истражувањето се Шпанија (71 отсто), Италија (68 отсто) и Франција (68 отсто).
Велика Британија ќе одржи референдум на 23-ти јуни за тоа дали да остане или да излезе од Блокот на 28 земји. Скорешните анкети покажуваат блиска трка помеѓу оние кои се „за” и оние „против” излегувањето на Велика Британија од ЕУ.