Stipe Mayiç
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Со одлука поддржана од страна на мнозинството пратеници, Хрватскиот сабор денес донесе одлука за самораспуштање, а одлуката влегува во сила на 15-ти јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката за распуштање на Саборот ја поддржа мнозинството од 137 пратеници. Распуштање на Саборот побара минатиот петок вкупно 91 пратеник во осум одделни предлози.
Претседателот на Саборот, Жељко Рајнер, го зацврсти овој предлог како прва точка на дневниот ред, и покрај шпекулациите дека со тоа може да се одолговлекува.
На седницата на Саборот, на која е донесена одлуката за негово самораспуштање, беа присутни 140 пратеници што беше доволно за кворум. Инаку, одлуката ја поддржаа 137 пратеници, двајца пратеници беа против, а еден воздржан.
Саборот официјално ќе престане со работа на 15-ти јули, по што следи рок од најмалку 30 дена, а најмногу од 60 дена, до распишувањето на предвремени избори.
Најголем дел го застапуваат ставот дека изборите, поради поголема излезност, најдобро би било да се одржат на 4-ти септември, но конечната одлука останува на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Саборот е распуштен по предлог на хрватската претседателка која по консултациите со претставниците на парламентарните партии и саборските клубови го повика претседателот на Саборот, Жељко Рајнер, тоа да го стори што поскоро.
На почетокот на седницата, претседателот на Саборот ги повика пратениците со едноминутно молчење да им одадат почест на мајските жртви во спомен на атентатот на Стјепан Радиќ и хрватските пратеници кој го изврши Пуниша Рачиќ во Собранието на Југославија во 1928 година.