политика

Израелската војска приведе 23 Палестинци на Западниот Брег

Израелската војска често спроведува широки кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и Источен Кудс

Qais Omar Darwesh Omar  | 04.08.2022 - Обновена : 05.08.2022
Израелската војска приведе 23 Палестинци на Западниот Брег

Рамала

Израелската војска приведе 23 Палестинци за време на рација во голем број гувернерства на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението Клубот на палестинските затвореници истакна: „Притворениците се од гувернерствата Хеброн и Витлеем на југ, Тулкарм и Џенин на север.“

Клубот, исто така, додаде дека помеѓу притворениците, осуммина се од семејството Ал Аџули од Хеброн.

Овие приведувања „претставуваат најистакнати систематски и конзистентни политики што ги спроведуваат окупаторските власти на дневна основа“, се вели во соопштението.

Израелската војска често спроведува широки кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и Источен Кудс под изговор дека трага по „барани Палестинци“.

Според институциите кои се занимаваат со прашањата на затворениците, околу 4.650 Палестинци се држат во затвори во Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.