политика, Балкан

Избори во Србија: До 16 часот гласаа повеќе од 33 отсто гласачи

До 16 часот на територијата на Србија на изборите излегоа 33,42 отсто од гласачите, додека со Косово проценката е дека излегоа околу 35 отсто од гласачите, соопшти на денешната прес-конференција Републичката изборна комисија

Bojana Stojanovic  | 21.06.2020 - Обновена : 21.06.2020
Избори во Србија: До 16 часот гласаа повеќе од 33 отсто гласачи Foto: Miloš Miškov - Anadolu Agency

БЕЛГРАД

До 16 часот на територијата на Србија на изборите излегоа 33,42 отсто од гласачите, додека со Косово проценката е дека излегоа околу 35 отсто од гласачите, соопшти на денешната прес-конференција Републичката изборна комисија (РИК), јавува Агенција Анадолија (АА).

Според региони, во Војводина гласаа 35,59 отсто од гласачите, во Шумадија и западна Србија 35,96 отсто, јужна и источна Србија 32,57 отсто како и 27,74 отсто гласачи во белградскиот регион.

Не се забележани поголеми неправилности во текот на досегашното гласање.

Во Србија денес се одржуваат редовни парламентарни, покраински и локални избори, на кои право на глас имаат 6.584.376 граѓани, кои можат да гласаат до 20 часот, кога се затвораат избирачките места.

За членовите на избирачките одбори на изборните места задолжително е носењето на заштитни маски и ракавици, додека на гласачите им се препорачува да ги носат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın