Diyar Güldoğan
07 Јануари 2023•Ажурирај: 09 Јануари 2023
Анкара нема никаков проблем со Грција сè додека „не се плетка“ со Туркије во Егејското Море, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го испукавме проектилот Тајфун. До каде е опсегот на Тајфун? 561 километар. Што направија Грците? Тие се загрижија. Весниците веднаш напишаа наслови: 'Ќе ја погодат Атина'. Ние немаме таков проблем сè додека не се плеткате со нас на Егејско“, рече Ердоган.
„Сè додека не се плеткате со нас на Егејско, ние нема да се плеткаме со вас“, нагласи Ердоган на церемонијата во јужната област Анталија.
Туркије ја тестираше својата домашно произведена балистичка ракета со краток дострел „Тајфун“ во октомври. Ракетата може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.
Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, се жали на повторените провокативни дејствија и реторика на Грција во регионот во последниве месеци, вклучително и на вооружувањето на островите во близина на турскиот брег, кои би требало да бидат демилитаризирани според меѓународните договори. Анкара вели дека таквите чекори ги попречуваат нејзините мировни напори.