Selma Kasap
04 Септември 2023•Ажурирај: 04 Септември 2023
СОЧИ (АА)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денес се состанаа во рускиот крајбрежен град Сочи, јавува Анадолу.
По средбата, двајцаа претседатели одржаа заедничка прес-конференција.
Претседателот Путин по средбата со Ердоган соопшти дека мултилатералната соработка меѓу Туркије и Русија се развива на сите полиња и истакна дека разговорите меѓу Анкара и Москва изминале во конструктивна и деловна атмосфера.
„Сакаме да го заживееме житниот коридор. Ќе го сториме тоа, но под еден услов. Сакаме нашите земјоделски производи непречено да одат по морски пат“, рече Путин во своето обраќање.
Пред новинарите се обрати и претседателот Ердоган. Тој истакна дека Договорот за транспорт на житото преку Црното Море игра клучна улога во глобалната прехранбена криза, особено за луѓето во Африка.
За заеднички подготвениот предлог со ОН за испорака на жито, Ердоган рече: „Верувам дека Туркије за кусо време ќе дојде до решение кое ќе ги исполни очекувањата.“
Турскиот претседател се осврна и на руско-украинската војна и напорите за воспоставување мир меѓу завојуваните страни.
„Претходно бевме домаќини на директни преговори меѓу завојуваните страни (Русија-Украина). Подготвени сме повторно да дадеме придонес во тој поглед, како и порано“, рече претседателот на Туркије.
Ердоган ја истакна одлучноста на Туркије да продолжи со напорите за воспоставување траен мир, стабилност и просперитет во регион и продолжи со зборовите:
„Предлозите што беа ставени на дневен ред не нудат одржлив, безбеден и траен модел кој се темели врз соработка на страните, како што тоа е Црноморската иницијатива.“