политика, Балкан

ДИК ги објави конечните официјални резултати од предвремените избори во Северна Македонија

Коалицијата „Можеме" (СДСМ) освои 46 мандати, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и „Обнова за Македонија" освои 44 мандати, ДУИ освои 15 мандати, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освоија 12 мандати, Левица 2 мандати, а ДПА 1 мандат

Admir Fazlagic  | 25.07.2020 - Обновена : 26.07.2020
ДИК ги објави конечните официјални резултати од предвремените избори во Северна Македонија ( Фото: Архива / АА )

СКОПЈЕ

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

ДИК согласно Изборниот законик на јавна седница го донесе заклучокот за објавување на конечните резултатите од гласањето за предвремените паралментарни избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски ги соопшти конечните резултати и распределба на мандатите за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

„Коалицијата „Можеме" (СДСМ) освои 327.408 гласови или 35.89 проценти или освоени 46 мандати, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и „Обнова за Македонија" освои 315.344 гласови или 34,57 проценти односно 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 104.699 гласови или 11,48 проценти односно 15 мандати, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освоија 81.620 гласови, односно 8,95 проценти од гласовите или 12 мандати, Левица освои 37.426 гласови, односно 4,1 процент од гласовите или 2 мандати, Демократската партија на Албанците (ДПА) освои 13.930 или 1,53 проценти од вкупниот број на гласови или еден мандат", изјави Дерковски.

Како што соопшти претседателот на ДИК, партии кои учествуваа на овие избори а не освоија пратенички мандати се: Интегра со освоени 12.291 глас или 1,35 проценти од гласовите, Граѓанско-демократската унија (ГДУ) 3.550 гласови или 0,39 проценти, МОРО - Работничка партија освои 3.245 гласови или 0,36 проценти, Глас за Македонија освои 2.802 гласови или 0,31 процент, Единствена Македонија освои 2.604 гласови или 0,29 процети, Социјалдемократска унија (СДУ) освои 2.585 гласови или 0,28 процети, Твоја партија 1.894 гласови или 0,21 проценти, Демократи 1.558 гласови или 0,17 проценти и Народна партија на Ромите со 1.225 гласови или 0,13 проценти.

Според конечните резултати од предвремените парламентарни избори во земјата, од вкупниот број гласачи 1 814.236, правото на глас го искористиле вкупно 943,750 граѓани, односно излезноста на изборите во проценти изнесува 52 отсто.

Потсетуваме, поради актуелната пандемија на коронавирусот (Ковид-19), гласањето се одвиваше три дена. На 13 јули, гласаа болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, на 14 јули, своето право на глас можеа да го остварат болните и немоќни лица, граѓаните во старските домови, затворениците и раселените лица, а на 15 јули гласаа сите останати граѓани во земјава со право на глас.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваа 15 коалиции и политички партии со повеќе од 1.500 кандидати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.