Meltem Öztürk
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Заменик-претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), Акиф Хамзачеби денес го прими министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој престојува во официјална посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на турскиот Парламент, Хамзачеби, ја прими српската делегација предводена од Дачиќ во свечениот салон во турскиот Парламент, а состанокот е одржан без присуство на претставници на медиумите.
Дачиќ во текот на денот беше примен и од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим.
Тој во попладневните часови ќе се состане и со шефот на турската дипломарија, Мевлут Чавушоглу, а по нивниот состанок и состанокот на проширените делегации на двете земји, двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција.
Според претходното соопштение на Министерството за надворешни работи на Србија, Дачиќ присуствува во посета на Турција на повик на турскиот колега Мевлут Чавушоглу. За време на посетата ќе бидат разгледани сите клучни прашања од областа на билатералните односи, како и ситуацијата во регионот на Западен Балкан.
„Разговорите се можност да се разменат мислења за актуелните меѓународни проблеми, со акцент на мигрантската криза и ситуацијата на Блискиот Исток“, изјавија од српското министерство.