Derya Gülnaz Özcan
13 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
Грција ги замрзна одговорите на барањата за азил за сириските бегалци, јавува Анадолу.
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од овластени извори, за прашањето за барањата за азил на Сиријците е разговарано на седница на владиниот Совет за надворешни работи и безбедност.
На состанокот е одлучено да се суспендираат барањата за азил поднесени од Сиријците до грчките власти сѐ додека не се донесе спротивна одлука.
Владата ќе го испита развојот на случувањата во Сирија преку неделни проценки и ќе го одреди патот што треба да се следи во однос на барањата на Сиријците.
Закажаните интервјуа ќе продолжат да се одржуваат за веќе постоечките пријави, а ќе продолжат да се прифаќаат и нови пријави, но на нив нема да биде одговорано ниту позитивно, ниту негативно сѐ додека не се донесе конечна одлука за случајот.