политика

Германија: Треба да започнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

„Северна Македонија и Албанија навистина постигнаа напредок. На овие земји треба да им понудиме убедливи ЕУ-перспективи и да ги започнеме преговорите за членство“

Erbil Başay  | 09.09.2019 - Обновена : 10.09.2019
Германија: Треба да започнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, истакна дека треба да започнат преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

Мас денеска во Берлин оствари средба со министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, по која се одржа прес-конференција.

Шефот на германската дипломатија говореше и за земјите од Западен Балкан.

„Северна Македонија и Албанија навистина постигнаа напредок. На овие земји треба да им понудиме убедливи ЕУ-перспективи и да ги започнеме преговорите за членство“, додаде тој.

Мас истакна дека оваа тема не е разгледана само во германската Влада, туку и во федералното Собрание.

Нагласувајќи дека од 1 јануари 2020 година Хрватска ќе претседава со ЕУ, додека Германија во втората половина на 2020 година, Мас рече дека затоа е важно овие две земји да имаат координација за темите кои се однесуваат на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.