Abdullah Aşıran
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ХАГ (АА) - Иако изминаа 200 дена од општите избори во Холандија одржани на 15 март 2017 година, сѐ уште не е формирана владата во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек се преговори за формирање коалициска влада меѓу Либералната партија (VVD), Демохристијанската партија (CDA), Демократи 66 (D66) и партијата за Христијанско единство (CU).
Некои политичари истакнуваат дека е загрижувачко претераното одолговечување на периодот на формирање влада.
Преодната влада минатиот месец до парламентот го достави нацрт-законот за државниот буџет и финансиски план во новата година. Парламентот усвојувањето на нацрт-законот за државниот буџет и финансиски план ги одложи до формирањето на новата влада.
Ниту една политичка партија во земјата, не сака да формира коалиција со Герт Вилдерс, лидерот на екстемната десница, Партија за слобода (PVV), која во парламентот влезе со 20 пратеници и е втора политичка партија во земјата.
На општите избори во Холандија, одржани на 15 март 2017 година, ниту една партија не успеа да го освои потребното мнозинство за да може самостојно да формира влада.
Во 1977 година, политичките преговори за формирање коалициска влада меѓу VVD и CDA траеја 208 дена.