Ekipa
12 Октомври 2024•Ажурирај: 16 Октомври 2024
СКОПЈЕ (АА) – Денеска во Охрид ненадејно почина поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд, пренесува Анадолу.
Салмонд во Охрид учествуваше на вториот Форум за културна дипломатија коорганизиран од Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, каде што вчера имал свое излагање.
Од Кабинетот, за новинската агенција МИА, соопштено е дека вечерва се одржува комеморација, на која свои обраќања ќе имаат и Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос. На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Инаку, Алекс Салмонд, функцијата прв министер на Шкотска ја извршуваше во периодот од 2007 до 2014 година.