Admir Fazlagic
19 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ОХРИД
Охрид е една од најпознатите туристички дестинации во Република Северна Македонија и пошироко, а светот го знае и како „Балкански Бисер“, кој изобилува со прекрасни езерски плажи во кои уживаат бројни домашни и странски туристи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Оддалечено само 16 километри од Охрид, местото Трпејца претставува едно од природните најубави туристички дестинации, познато и како македонскиот Сен Тропе.
Оддаелечено на само 16 километри од Охрид, местото Трпејца претставува едно од природно најубавите туристички дестинации, позната и како македонскиот Сен Тропе. ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )
Охридското село Трпејца е сместено во подножјето на планината Галичица, во природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег од Охридското Езеро, на надморска височина од околу 700 метри.
Познатите плажи изобилуваат со природна убавина и им овозможуваат прекрасна глетка на посетителите за време на заоѓањето на сонцето.
Исто така, Трпејца важи за место полно со езерска магија, поради што, меѓу останатото, претставува привлечна туристичка дестинација и во раните есенски денови.