Miki Trajkovski
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ОХРИД (АА) - Во дводневна работна посета на Македонија престојува членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, кој во вилата „Билјана" во Охрид оствари тет-а-тет средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. По заедничката фотографија, двајцата соговорници имаа и работен ручек. Како што информираат од кабинетот на Иванов, на средбата било разговарано за повеќе прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
„На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, со фокус на зголемување и продлаблочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, а пред се, во делот на економската соработка. Двајцата соговорници разменија мислења и за состојбите и актуелните предизвици во регионот на Југоисточна Европа, како и за неговата евроатланска перспектива“, информираат од кабинетот на Иванов.
Претседателот Иванов и Човиќ ќе посетат дел од културно историските локалитети во Охрид, како што се црквата Света Софија и стариот дел на градот, кој е под заштита на УНЕСКО.
Инаку Човиќ е во прва официјална посета на Охрид.