Besar Ademi
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ОХРИД (АА) - Претседателот на Чешката Република, Милош Земан, штотоку пристигна во рамките на дводневната официјална посета во Македонија, на аеродромот "Свети Апостол Павле" во Охрид, каде што беше причекан со највисоки државни почести од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов , јавува Anadolu Ageny (AA).
Чешкиот претседател неговата официјална посета ќе ја започне со тет-а-тет средба со македонскиот претседател, по што ќе биде одржан пленарен состанок на официјалните делегации од двете земји.
Претседателот Иванов ќе го одликува претседателот Земан со наградата "8 Септември" за исклучителните заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи, мирољубива и рамноправна соработка меѓу двете земји, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
За време на вториот ден од официјалната посета, претседателите на двете земји ќе бидат учествуваат на бизнис форум меѓу Македонија и Чешка, на која ќе присуствуваат и претставници од стопанските комори на двете земји, како и македонски и чешки стопанственици од повеќе области, како што се енергетиката, туризмот, банкарството, храна, автомобилската и фармацевтската индустрија.
Претседателот Иванов и Земан утре ќе го посетат и комплексот на манастирот "Свети Наум Охридски".