Bekim Laci
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денес се состана со пратениците на Европскиот парламент, членови на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската Унија (ЕУ), кои престојуваат во земјата, и со нив разговараше за последните случувања во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмети по средбата изјави дека европратениците ги изразиле своите желби околу тоа земјата успешно да чекори во овие историски моменти, со успешен референдум, кој ќе ги отвори евроатлантските перспективи на земјата, односно членството во ЕУ и НАТО, при што земјата ќе добие нови перспективи.
„Да се воспостави мир, демократија, добри односи, како меѓуетнички, така и меѓусоседски, по што останува од Европскиот парламент, но и од другите институции на ЕУ, да очекуваме потполна поддршка за нашите ангажмани“, нагласи Ахмети.
Тој рече дека на средбата за која станува збор разговарале за случувањата во земјата и размениле мислења и за ситуацијата во регионот.
Ахмети се осврна и на иницијативата за оценување на уставноста на референдумот од 30 септември, при што истакна дека политичката актуелност во Македонија не го толерира тоа да се стави земјата во такви ризици, отфрлајќи го таквото оценување, бидеќи одлуката е донесена од страна на највисокото законодавно тело.