Ruslan Rehimov
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
БАКУ (AA) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев ја именуваше сопствената сопруга Мигрибан Алијева на функцијата прва советничка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение на Претседателството на Азербејџан се наведува дека претседателот Алијев, во согласност со уставните овластувања на функцијата, за своја прва советничка ја именуваше сопругата Мехрибан.
Функциите прв советник и советник на претседателот на Азербејџан се воведени во уставните реформи што во септември минатата година, со 86,6 отсто гласа ја поддржаа граѓаните на таа земја на референдум.
Согласно новите уредби, претседателот на државата самостојно ги именува и ги разрешува носителите на тие функции.
Првата советничка на претседателот има полн имунитет и ги презема сите овластувања и обврски на шефот на државата во отсуство на претседателот.