Emin Avundukluoğlu
20 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија) ги повикува Турците кои живеат во странство да бидат повеќе политички ангажирани, велејќи дека тие претставуваат голема неискористена база на моќ за земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакаме нашите граѓани кои живеат во странство да учествуваат малку повеќе во политиката во земјите и регионите во кои живеат“, изјави денес за АА заменик-претседателот на АК Партијата, Џевдет Јилмаз.
„Ние сакаме нашите граѓани не само да учествуваат на изборите во Турција туку и на изборите во земјите каде што живеат. Исто така, сакаме да бидат поврзани со политички партии и да бидат кандидати за избори, без разлика за која партија“, изјави заменик-претседателот, откако беше во посета на германскиот град Келн во периодот од 15 до 16 септември.
Во Германија, минатата година 14 германски жители со потекло од Турција беа избрани во германскиот парламент Бундестаг.
Повеќе од 4.800 кандидати се кандидираа за место во Бундестагот, вклучувајќи околу 100 кандидати со турско потекло. Повеќе од нив беа членови на Социјалната демократска партија (SPD), Левичарската партија или на Партијата на зелените.
Во претходните општи избори, бројот на пратениците во Бундестагот со турско потекло беше повеќе од удвоен, од пет во 2009 на 11 во 2013 година.
Јилмаз, кој е одговорен за надворешните работи на партијата, изјави дека Турците кои живеат во странство претставуваат „огромен извор на моќ за Турција“.
„Тие треба да бидат оценувани многу поефикасно во лобирачките активности на Турција“, изјави Јилмаз.
Тој се осврна на тоа дека Турција долго време ја поддржувала интеграцијата на Турците кои живеат во странсво.
„Сепак, ние сме против асимилација. Нашите граѓани треба да станат поактивни во земјите каде што живеат, без да бидат асимилирани и без прекинување на нивните врски и идентификување со нивната земја“, рече Јилмаз.
Повеќе од 5 милиони лица со турско потекло живеат во странство, а поголемиот дел од нив живеат во европските земји како Германија, Франција и Белгија.
Над 3 милиони Турци кои живеат во странство имаат право да гласаат на претседателските и општите избори во Турција.