Barış Gündoğan
16 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Бројот на неутрализираните терористи ПКК/ПЈД-ЈПГ во рамките на операцијата „Извор на мирот" на северот на Сирија се зголеми на 653, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрна на Турција потврди дека досега во операцијата „Извор на мирот" неутрализирани се вкупно 653 терористи.
Во соопштението на Твитер се наведува дека Турските вооружени сили во согласност со планот успешно ја спроведуваат операцијата на источниот брег на Еуфрат.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.
Турските сили веќе спроведоа две успешни антитерористички операции на северот на Сирија и тоа „Штитот на Еуфрат" и „Маслинова гранка" во текот на кои пошироките подрачја на западниот брег на Еуфрат се ослободени од терористите.