Ekip
22 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
СОЧИ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека терористите на терористичката организација ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од зона од 30 километри во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Русија, Владимир Путин, по состанокот одржан во претседателската канцеларија во рускиот град Сочи, одржаа заедничка прес-конференција.
Ердоган истакна дека очекуваат Уставниот комитет на Сирија да го отвори патот на сеопфатна политичка промена во рамки на легитимните и праведните очекувања на Сиријците
„Состојбата во Зоната за деескалација во Идлиб беше на дневниот ред на нашата средба. Задоволувачки е да видиме дека во оваа фаза во Идлиб е обезбедена релативна смиреност и се забележува намалување на нападите“, рече Ердоган.
„Ние сме земја која во последните 8,5 години прифативме 350.000 курдски и 3 милиони и 650 илјади сириски браќа. Веќе треба да направиме чекори преку кои ќе се исполни нивниот копнеж за својата татковина“, додаде турскиот претседател.
Ердоган нагласи дека со Путин постигнале историски договор во насока на осигурување на територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија, како и за враќањето на бегалците.
„Заклучно со 12:00 часот на 23 октомври, во рок од 150 часа терористите на ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од зона од 30 километри“, нагласи турскиот претседател, истакнувајќи дека сите терористи на ЈПГ во Тел Рифат и Мунбич, заедно со нивните оружја, ќе бидат отстранети надвор од оваа зона.