образование

Турција - дестинација на матурантите од училиштата на „Маариф“

Триста ученици кои своето образование го завршиле во училиштата на „Маариф“, моментално студираат на турските универзитети, додека оваа година, околу 500 матуранти од различни држави, меѓу кои и од Северна Македонија, ја избраа Турција

Selma Kasap  | 12.09.2019 - Обновена : 13.09.2019
Турција - дестинација на матурантите од училиштата на „Маариф“

АНКАРА (АА) - СЕЛМА КАСАП - Петстотини ученици од 16 земји кои своето образование го завршиле во училиштата на Турската фондација „Маариф“ (ТФМ), за продолжување на високото образование ги избраа универзитетите во Турција.

Според информациите до кои дојде Anadolu Agency (AA), ТФМ своите матуранти ги насочува кон Турција за да го продолжат нивното високо образование.

Дипломците кои на високо ниво го научиле турскиот јазик во училиштата на ТФМ, во случај да ги изберат универзитетите во Турција, имаат предност поради познавањето на турскиот јазик.

По затворањето на училиштата во странство на терористичката организација ФЕТО, која беше откриена за време на процесот 17 - 25 декември, и од обидот за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција, како и од предавањето на училиштата на ТФМ, учениците почнаа од вистински извори да ја запознаваат Турција.

Претходно, овие ученици биле насочени да ги избираат универзитетите во Европа и во САД, но откако Фондацијата „Маариф“ почна да реализира свои активности во различни земји, тие ученици се насочија кон Турција за високо образование.

- 500 матуранти на „Маариф“ ја избраа Турција

Триста ученици кои своето образование го завршиле во училиштата на „Маариф“, моментално студираат на турските универзитети, додека оваа година, околу 500 матуранти од Северна Македонија, Албанија, Пакистан, Авганистан, Мали, Гвинеја, Мавританија, Судан, Чад, Сомалија, Габин, Камерун, Нигер, Демократска Република Конго, Екваторска Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска ја избраа Турција.

Турската фондација „Маариф“, која потпиша протоколи за соработка со 42 универзитети во Турција, оваа година, исто така беше домаќин на Испитите за странски студенти (YÖS) во различни земји, организирани од страна на некои турски универзитети за прифаќање на меѓународни студенти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.