Тетово: Свечено доделување дипломи во училиштата на турската фондација „Маариф“
„Дел сте од семејството Маариф со популација од приближно 150 илјади во 55 земји низ целиот свет“

ТЕТОВО (АА) - Во Тетово се одржа свечена церемонија на доделување дипломи во училиштата на турската фондација „Маариф“, јавува Анадолу.
На церемонијата во кампусот на училиштето „Маариф“ во Тетово, посветена на седмата генерација на училиштето во Тетово, присуствуваа советникот за образование во турската Амбасада во Северна Македонија, Али Риза Алтунел, претставникот на турската фондација „Маариф“ во Северна Македонија, Осман Демирѓул, учениците и нивните семејства.
Алтунел, во својот говор на свеченоста, им посака на дипломираните ученици од седмата генерација успех во нивниот иден живот.
Истакнувајќи дека наставниците се најважните „војници“ на образовните институции, Алтунел рече: „Тие се наши драгоцени средства на кои треба да им ги бакнеме рацете. Без разлика колку се фалат за својата работа, тоа нема да биде доволно“.
Демирѓул, од своја страна, рече дека деновите на дипломирање се многу важни и дека учениците кои ќе дипломираат секогаш ќе останат лојални на своите училишта.
Заблагодарувајќи им се на наставниците и дипломираните за нивните напори, Демирѓул рече: „Вие сте дел од семејството Маариф со популација од приближно 150 илјади во 55 земји низ целиот свет“.
Директорот на училиштето „Маариф“ во Тетово, Хикмет Парлар, рече дека верува оти матурантите нема да имаат тешкотии во универзитетските години со образованието што го добиле во училиштата „Маариф“ и им посака успех.
Јелида Шабани беше избрана за најдобра ученичка на генерацијата во училиштата „Маариф“ во Тетово, каде што годинава дипломираа 66 ученици.
Учениците пееја песни како дел од програмата за матурирање, а во училишниот двор се одржа церемонија на фрлање капи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.