образование, Балкан

На Меѓународниот балкански универзитет во Скопје се одржа церемонија на дипломирање

Околу 350 студенти ги завршија студиите што беше одбележано со церемонија на која присуствуваа официјални лица, претставници на организации и семејства на студентите

Dzihat Aliju  | 31.05.2025 - Обновена : 01.06.2025
На Меѓународниот балкански универзитет во Скопје се одржа церемонија на дипломирање Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) – Денес на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопјe се одржа 15-тата церемонија на дипломирање, јавува Анадолу.

На церемонијата што се одржа на кампусот на ИБУ присуствуваа вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој, пратеници, градоначалници, политичари, претставници на турски и локални институции и организации во земјата, студенти и семејства.

Во својот говор, вицепремиерот Меџити рече: „Универзитетот не е станица за запирање и чекање, туку мост на кој секогаш му се потребни минувачи кои се свесни за димензиите на патот што претстои. Храбри минувачи кои не се заморуваат. Студентите се моралните и интелектуалните столбови на оваа церемонија, но и на општеството“.

Министерката Јаневска рече дека денешниот ден е радосен ден за сите, особено за младите.

Честитајќи им на дипломираните студенти за нивниот успех, Јаневска нагласи дека дипломираните студенти ќе бидат идните лидери и ги повика да бидат креатори на подобро општество.

- „Стоиме со палестинските студенти, стоиме со Газа“ -

Од своја страна, турскиот амбасадор Улусој рече дека важна димензија на соработката на Турција со Северна Македонија, со која има блиски историски, културни и човечки врски, се образовните и културните активности.

„Во светлината на нашата надворешна политика ориентирана кон луѓето, ние отсекогаш сме го поддржувале развојот на Северна Македонија од нејзиното осамостојување во секоја област, вклучително и образованието, со нашите различни институции, и ќе продолжиме да го правиме тоа. Ги продолжуваме нашите активности во областа на образованието и културата без прекин, со свестта дека инвестирањето во луѓето е најважната инвестиција“, рече Улусој.

Членот на одборот на ИБУ, Ајдован Адемоски, ги повика дипломираните студенти да бидат храбри во животот.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, рече: „Додека го славиме дипломирањето, мора да се сетиме и на оние кои не можат да слават. Во Газа, во Палестина, студенти како вас изгубија сè, нивните училишта се претворија во прав, нивните соништа се под урнатините. Не можеме да молчиме, не можеме да заборавиме. Како универзитет, го креваме нашиот глас за нив, стоиме со палестинските студенти, стоиме со Газа.“

Ова беше 15-та генерација студенти кои дипломираа на ИБУ. Студиите ги завршија 350 студенти на додипломски и постдипломски студии од различни оддели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.