образование, култура и уметност

Во Гостивар одржан панел во спомен на Јахја Кемал

Во рамките на одбележувањето на 21 декември – Денот на образованието на турски јазик во Македонија, вечерва во Гостивар се одржа панел дискусија на тема „60-годишнина од смртта на турскиот поет, скопјанецот Јахја Кемал“

Dzihat Aliju  | 19.12.2018 - Обновена : 20.12.2018
Во Гостивар одржан панел во спомен на Јахја Кемал Vedat Abdul/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Во рамките на одбележувањето на 21 декември – Денот на образованието на турски јазик во Македонија, вечерва во Гостивар се одржа панел дискусија на тема „60-годишнина од смртта на турскиот поет, скопјанецот Јахја Кемал“, јавува Anadolu Agency (AA).

На панел дискусијата, поддржана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Министерството за култура на Република Македонија, а организирана од страна на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Меѓународниот универзитет Визион учествуваа Махмут Чевик, претседател на ТИКА за Балканот и Источна Европа, проф. д-р Мустафа Исен, пратеник на АК партија од Сакарја, претставници на Министерството за култура на Република Македонија, претставници на турските институции и организации во земјата и голем број на гости.

Во својот говор Махмут Чевик потсети дека во минатото Турците од Македонија, на разни заеднички состаноци и семинари разговараа за иднината на турскиот јазик.

Чевик наведувајќи дека во Македонија постојат разни проблеми во развојот на турскиот јазик додаде: „Како ТИКА од 2005 година наваму, покрај развојот на турскиот јазик, за да се зајакне инфраструктурата на образованието на нашите сонародници, и со цел да добијат квалитетно образование, изградивме, реновиравме или реставриравме околу 40 училишта“.

Чевик исто така наведе дека активностите во образованието се во интерграција со другите проекти за подигнување на животниот стандард и економскиот развој на сонародниците, и ја искажа поддршката за напорите за развојот на Македонија.

Ректорот на Меѓународниот универзитет Визион, проф. д-р Фадил Хоџа, потсетувајќи дека Денот на турското образование се прославува од 2007 година, истакна дека на панел дискусијата ќе се разговара за животот, книжевното творештво и уметноста на сограѓанинот Јахја Кемал Бејатли.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, истакна дека Јахја Кемал за нив преставува пример.

Тој исто така рече дека во турската литература Јахја Кемал не е само поет, туку младата турска популација во Македонија и граѓаните Турци од неговиот живот и неговите дела треба да разберат каков треба да биде турскиот идентитет.

Хусрев Емин го изрази и своето незадоволство од тоа што името на Јахја Кемал се користи во училиштата на терористичката организација ФЕТО.

„Во врска со ова би сакал да ве известам дека во консултација со институциите и организациите, како МАТУСИТЕБ ќе ги преземеме сите неопходни правни и политички чекори со цел името на Јахја Кемал повеќе да не се користи во училиштата на терористичката организација и терористичкото гнездо ФЕТО. Ги повикувам сите институции и организации да нè поддржат“, нагласи Емин.

На панел дискусијата говореше и Мустафа Исен. Тoј истакна дека во однос на имињата на местатa во споредба со балканскиот регион генерално, луѓето што живеат во Македонија се многу чуствителни.

Забележувајќи дека властите во оваа насока не покажале толеранција Исен истакна: „Во Бугарија речиси никој не се сеќава на старите имиња. Никој не вика Филебе, сите зборат за Пловдив. Од друга страна, вие никогаш не рековте Скопје (Üsküp), Битола (Manastır) и вие тука покажавте чуствителност. Во тој поглед, имињата на местата значително придонесоа за зачувување на турскиот јазик“.

Мустафа Исен исто така нагласи дека имињата на Јахја Кемал Бејатли и Мехмет Акиф Ерсој се важни имиња не само за балканската географија, туку и за другите региони што ги опишуваат како срцето на Анадолија.

„Велам дека треба да бидете горди на Јахја Кемал како негови сонародници. Мислам дека имате поголема одговорност за исполнување на неговите постапки. Во наредните години, неговото име ќе го слушаме почесто“, нагласи Мустафа Исен.

Панелистите во своите говори побараа повторно да се изгради неговиот дом во Скопје каде што е роден и каде што живеел, и на истото место да се изгради турски културен центар.

На панел дискусијата под модераторство на Ајхан Пала презентации имаа проф. д-р Мустафа Исен со темата „Јахја Кемал како нов цивилизациски дизајнер“, проф. д-р Нуман Аруч со темата „Турската исламска мисла на Јахја Кемал“ и д-р Сејан Муртезан Ибраими со темата „Напуштање, вгнездување и прекугранични гласови во делата на Јахја Кемал Бејатли“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.