Турција, образование

Во Анкара одржан промотивен состанок за програмата „Турски стипендии“

Програмата „Турски стипендии“ стана значаен дел од меѓународната мобилност на студенти, при што во 2025 година биле примени 125.668 апликации

Yasin Yorgancı  | 16.01.2026 - Обновена : 16.01.2026
Во Анкара одржан промотивен состанок за програмата „Турски стипендии“ Фото: Hakan Nural/AA

АНКАРА (АА) - Турското Претседателство за Турците во странство и сродните заедници (ЈТВ) вчера одржа промотивен и ориентационен состанок за програмата „Турски стипендии“, опишана како „глобална образовна визија“ на земјата, јавува Анадолу.

На состанокот присуствуваа вршителот на должност претседател на ЈТБ, Абдулхади Турус, како и голем број меѓународни студенти.

Обраќајќи се на настанот, Турус изјави дека присуството на студенти од различни земји што студираат заедно во Турција претставува доказ дека разновидноста е извор на глобално богатство.

Тој нагласи дека меѓународните студенти имаат клучна улога во промоцијата на програмата „Турски стипендии“ и истакна дека Турција зазела значајна позиција на глобално ниво во областа на меѓународното образование.

Турус ги опиша странските студенти во Турција како симбол на морална одговорност, потенцирајќи дека добитниците на стипендии не се гледаат како привремени гости, туку како идни придонесувачи за развој на нивните матични земји.

„Кога ќе се вратите во вашите земји, вие ќе бидете надежта на вашите општества“, рече Турус.

Тој додаде дека глобалната образовна политика на Турција има цел да придонесе во создавањето посовесен свет, истакнувајќи дека програмата за стипендии, покрај академската едукација, се стреми да ги зајакне и заедничките хуманитарни вредности.

– Програма „Турски стипендии“ -

Програмата „Турски стипендии“ стана значаен дел од меѓународната мобилност на студенти, при што во 2025 година биле примени 125.668 апликации, соопшти ЈТВ.

Програмата нуди целосно финансирани можности за студирање на универзитети низ Турција за студенти од целиот свет.

Стипендиите опфаќаат упис на универзитет, месечна стипендија, школарина, здравствено осигурување, сместување во студентски домови, поддршка за домување, бесплатни академски и професионални програми, како и повратен авионски билет.

Апликациите за програмата „Турски стипендии“ за 2026 година започнаа на 10 јануари и ќе траат до 20 февруари. Пријавувањето се врши преку официјалната интернет-страница turkiyeburslari.gov.tr.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.