Турскиот чевлар Авшар речиси половина век, со ист жар како и првиот ден, го чува својот занает
„Немам намера да ја напуштам оваа работа. Додека ме служи здравјето, јас сум тука. Она што ние го правиме е служење на граѓаните.“
КОЏАЕЛИ (АА) - Во турскиот град Коџаели, кој се наоѓа во округот Диловаси, чевларот Сулејман Авшар веќе 45 години работи на својот занает, јавува Анадолу.
Сега седумдесет и шестгодишниот Авшар како млад почнал да работи во една фабрика и тогаш го научил занаетот благодарение на пријателот што бил чевлар.
Десет години истовремено работел и во фабриката и во слободното време се занимавал со поправка на чевли.
Авшар дополнително се усовршил во производството и поправката на чевли и пред околу 35 години отворил сопствена работилница.

- „Немам намера да ја напуштам оваа работа“ -
Авшар истакнува дека сака да продолжи да работи сè додека му дозволува здравјето, но се жали дека не може да најде чирак на кој би му го пренел своето знаење.
За новинарот на АА, тој раскажа дека работата ја работи со љубов.
Наведувајќи дека досега немал проблеми со муштериите, Авшар рече: „Работам сам. Во текот на работната недела немам никаква помош. Децата ми доаѓаат и работат за време на викендите.“
Истакнувајќи дека младите генерации се насочуваат кон други професии, Авшар рече: „Немам намера да ја напуштам оваа работа. Додека ме служи здравјето, јас сум тука. Она што ние го правиме е служење на граѓаните.“
Авшар додаде и дека од муштериите добива позитивни повратни реакции.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
