МАКОКО (АА) - Стотици семејства останаа без покрив над главата во крајбрежната заедница Макоко во Нигерија откако властите на нигериската сојузна држава Лагос урнаа дрвени куќи изградени на столбови над лагуната Лагос, јавува Анадолу.
Акцијата беше спроведена од државни екипи придружувани од безбедносните сили, како дел од иницијатива за урбана пренамена предводена од Владата. Многу жители изјавија дека не им било дадено доволно време да ги спасат своите лични предмети пред да бидат уништени објектите.
По уривањето, дел од раселените жители беа принудени да побараат засолниште во кануата врзани едно на друго на водата, без основни услови за живот.
Макоко, позната како „Венеција на Африка“, е густо населено место со рибари, каде што живеат илјадници луѓе со ниски приходи, чии традиционални начини на егзистенција се директно поврзани со лагуната.
Во минатото заедницата повеќепати била цел на уривања во рамките на различни проекти за урбано обновување, што постојано ја зголемува загриженоста околу принудното раселување на населението што од ова подрачје зависи и за домување и за егзистенција.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
